заштеди | св.

Почне да штеди. Откако се вработи, заштеди, ама сѐ уште нема доволно за стан.

заштипе | св.

Почне да штипе – со прсти. Таткото галовно го заштипе по образот.

заштита | ж.

Засолнување од опасност, тешкотија, од непријатност. Единствена заштита му беа ретките крошни од дрвјата.

заштитен | прид.

Што штити, што е наменет за заштита. Заштитни очила. Заштитни мерки. Заштитен знак. Заштитна корупка.

заштити | св.

Засолне, спаси од опасност, непријатност; сочува. Шалот му го заштити лицето од ветрот. Со рацете го заштити лицето од силната светлина. Насипот го заштити селото од надојдената река.

заштитник | м.

Тој што заштитува; чувар, закрилник. Заштитник на народот. Секоја црква има за свој заштитник некој светец. Климент бил заштитник на градот Охрид и на неговите жители.

заштитничка | ж.

Богородица е заштитничка на младите девојки и жени.

заштитништво | ср.

Состојба и својство на заштитник кон лицето што го штити. Со постојаното заштитништво нема да му помогне на своето дете.

зашто | сврз.

Во причинска зависносложена реченица. Ние нема да го менуваме начинот на работа зашто вака имаме добри резултати. Зашто сака да ја истакне својата дисциплина, секој ден прв доаѓа на работа.

заштрака | св.

Почне да штрака; Заштракаа тркалата од една коњска кола. Одвреме – навреме ќе заштракаше некој клукајдрвец. Заштракаа налани. Од студ му заштракаа забите.