збодне | св.

бодне. Двајцата ги збоднаа коњите и за два часа беа во селото.

зболи | св.

Заболи силно одеднаш; штрекне. Ме зболе забот. Скокна две скали одеднаш и го зболе глуждот.

збор 1 | м.

Основна јазична единица којашто има определено значење; јазичен знак за определен поим. Полнозначен збор. Застарен збор. Менливи зборови. Зборовите се делат на слогови.

зборави се | св.

Стане лошо некому во стомакот; ми (ти, му...) се смачи. Од ручекот ми се зборави. Им се зборави од многуте слатки што ги изедоа.

зборен | прид.

Што се однесува, што е поврзан со собир, собор. Зборно место. Зборно место им беше стариот даб.

збори | несв.

збори се | св.

Почне да се бори;