зборка | несв.

Зборува по малку, тивко.

зборлест | прид.

зборлив | прид.

Што зборува многу, што сака да зборува; говорлив. Пријатен, зборлив и гостољубив човек. Сите го сакаа, зборлив, па и мајтапчија.

зборливец | м.

Тој што зборува многу. Тој е филозоф, голем зборливец

зборлија | прид.

зборне | св.

Каже нешто малку; проговори. Зборни нешто, цело време молчиш. Таа не зборна, само климна со главата. Грлото му се стегна, не можеше да зборне. Сѐ уште и беше лут, не и зборна.

зборник | м.

Книга составена од повеќе книжевни или научни статии, расправи, документи и сл., обично тематски поврзани. Зборник на народни умотворби. Редовно излегуваат зборници од научните и стручни конференции.

зборовен | прид.

Што се однесува на збор, што е составен од зборови; лексички. Зборовен фонд. Зборовно богатство на јазикот. Зборовни групи.

зборообразување | ср.

а) Образување, изведување зборови. б) Проучување на образувањето зборови во јазикот.