зборува | несв.
Има способност усно да се изразува; владее со определен јазик. Детето веќе зборуваше. Тој зборува течно англиски.
зборувач | м.
Тој што зборува; говорител. Роден зборувач. Став на зборувачот. Зборувачот самиот избира со какви средства ќе ја искаже својата мисла.
зборувачка | ж.
зборчок | м.
збратименост | ж.
Состојба на блискост, пријателство, братство. Збратименоста на градовите овозможи блиска културна соработка. Збратименоста со тоа семејство многу му помогна во најтешките моменти.
збратими | св.
Зближи со некого; поврзе некого со братство, со големо пријателство. Сличната судбина ги збратими. Вчера нашиот градоначалник со неговиот колега гостин ги збратимија двата града.
збрбешка | св.
збрбори | св.
збрден | прид.
Што е со нагорница; стрмен. Збрден брег. Збрдна нива. Збрдно место.
збрднина | ж.
Нагорница, стрмнина. Под селото имаше страотна збрднина.