здодева | несв.
здодевен | прид.
Што предизвикува, што содржи досада. Здодевен гостин. Здодевен филм.
здодее | св.
Стане некој, нешто здодевен некому. Ми здодеа со твоите барања.
здола | прил.
Под површината на нешто; одоздола. Озгора носеше палто, а здола кошула. Во торбата здола ги стави компирите, а врз нив доматите. Децата спиеја на креветчиња на кат, постариот згора, а помалиот здола.
здолен | прид.
За облека – што е под нешто. Здолна маица. Здолна облека.
здолник | м.
здолница | ж.
Долен дел од женска облека; здолниште. Невестата носеше здолница со прекрасен вез. Здолницата и беше изветвена и со многу закрпи.
здолниште | ср.
Долен дел од женска облека; здолница. Кратко здолниште. Здолниште од сатен. Таа седна и го поднамести здолништето.
здрав | прид.
За живо суштество – што има нормални животни функции; што се одликува со здравје. Здраво дете. Здраво срце. Здраво и вакцинирано куче.
здравен | прид.