бабулест | прид.

Што има облик на бабуле. Бабулест нос. Бабулесто лице.

бабун 1 | м.

Учесник во Богомилското движење; Нема на светов досега подруги вистини за вас и за нас освен оние во соништата на бабуните, богомилите, робјето...

бабун 2 | м.

(зоол.) Вид мајмун, павијан.

Бабуна | ж.

Планина и река во Македонија.

бабунов | прид.

Што се однесува на бабун1, што му припаѓа на бабун1. Во тој крај се најдува и по некој бабунов гроб.

бабуњосан | прид.

Надуен, отечен. Бабуњосан нос. Бабуњосан во лицето.

бабуњоса (се) | св.

Добие оток, се подуе, отече. Не го виде знакот и толку силно се удри, што (се) бабуњоса во лицето.

бабура | ж.

Вид широка дебела пиперка; Capsicum.

бабушка | ж.

бабура.

Баварија | ж.

Покраина во Германија.