бабовина | ж.

Оставина од татко; бабалак 4. Имам бабовина. Ова ми е и дедовина и бабовина.

бабот | м.

Татнеж. Се слушаше баботот на камионите.

баботало | ср.

Тој што баботи, што зборува постојано и гласно. Престани, баботало!

баботач | м.

Дрдорко. Баботач еден, престани, само баботиш!

баботевица | ж.

Силно бучење, баботење, врева. Градската баботевица се слушаше далеку. Баботевицата од дворот постепено стивнуваше.

баботи | несв.

Силно удира, татни. Дождот баботи по прозорците. Митралезот далеку баботи. Усвитената печка баботи. Огнот баботеше.

бабрее | несв.

бабри | несв.

Се наголемува по обем, нараснува, созрева. Зрната од житото бабрат. Жилите му бабрат.

бабува | несв.

За бабица - се грижи за новороденото дете и за леунката. Сака-нејќе, се нафатила, ќе го бабува ова кучило. Свекрвата ја бабуваше невестата до три дена.

бабуле | ср.

Меур на кожата полн со течност. Имаше мали бабулиња по кожата. Надуено бабуле.