бавеж | м.

Дејство што се одвива бавно, бавење бавност. Нема да има бавеж во работата.

бавен | прид.

Што е пипав, што работи со мала брзина; Бавен чекор. Бавно движење.

бави | несв.

Прави да задоцни, задржува некого. Брзам, не бави ме.

бавта | несв.

Мами, вешто лаже некого, матка. Го бавтаат ваму-таму.

бавча | ж.

Градина. Голема бавча. Плодна бавча.

бавчанџија | м.

Тој што се занимава со одгледување градинарски производи; градинар.

бавчанџиство | ср.

Градинарство. Целиот свој живот се занимава со бавчанџиство.

багаж | м.

Потребни работи што се носат при патување (куфери, торби и др.). Тежок багаж.