багажен | прид.

Што се однесува на багаж. Багажен простор.

багажник | м.

Место или направа за багаж на превозно средство (на велосипед, во автомобил и др.).

багатела | прил.

Нешто незначително, со мала цена. Го купив евтино, багатола.

багателен | прид.

Што е незначително, евтино. Багателна работа. Багателна стока.

Багдад | м.

Главен град на Ирак.

багер | м.

Машина за копање земја, за префлување земја, песок, чакал. Голем багер. Расипан багер.

багерист | м.

Човек што управува со багер. Багеристот ја собра целата земја.

багра | ж.

Боја, пурпур, руменило. Багрите на пролетта.

багрем | м.

Листопадно дрво, со високо тенко стебло и бел, розев или жолт цвет со опоен мирис; бела акација; Robinia pseudoacacia. Мирисот на багремот е опоен. Улица со багреми.

багремник | м.

Место обраснато со багреми. Стар багремник.