багремов | прид.

Багремов цвет. Старо багремово дрво. Багремов мед.

багремовина | ж.

Дрво, трупец од багрем. Мирисаше на изгорена багремовина.

багри | несв.

Обои, зарумени, направи румено. Крвта ги багреше камењата.

бадем | м.

Многугодишно шумско дрво со бел или розов цвет и плод со јатки; Prunus amygdalus. Расцутени бадеми.

бадемест | прид.

Што е сличен, што има форма на бадем. Големи, црни и бадемести очи.

бадемка | ж.

Вид диња чие јадро (со семето) лесно се одвојува. Жолти дињи бадемки.

бадемов | прид.

Што е од бадем. Бадемова семка. Бадемови дрвја. Бадемово масло.

бадијава | прил.