злоба | ж.
Чувство на омраза кон некого, желба, посакување некому да му се случи нешто лошо. Во нејзините зборови се чувствуваше отровна злоба. Очите му светеа од злоба.
злобен | прид.
Што чувствува, што изразува злоба, што е исполнет со злоба. Сите сплетки ги направи злобната жена. Злобна вештерка. Злобен поглед. Злобна насмевка.
злоби | несв.
Предизвикува злоба, прави нешто со злоба.
злоблив | прид.
Што предизвикува злоба, што прави нешто со злоба; пакосен, злобен. Злоблива жена.
злобник | м.
Тој што е злобен. Злобниците ги одврзаа јазиците. Некој злобник шири невистини за мене.
зловесница | ж.
Таа што навестува зло; злокобница. Во себе го слушаше сопствениот глас, глас на зловесница. Птица зловесница.
зловестен | прид.
Што навестува зло; злокобен. Зловесно претчувство.
злогласен | прид.
Што е на лош глас, што го бие лош глас. Злогласен разбојник. Злогласно место.
злодеец | м.
злодеј | м.