златокрил | прид.
Што има златести крилја. Ќе му пеат птиците златокрили.
златоносен | прид.
Што содржи злато. Златоносна река.
златопер | прид.
Што има златести пердуви, перје со златна или златеста боја. Што си имав едно пиле златоперо.
златорог | прид.
Што има златен рог. Како ќе живее таа кротка срна без својот златорог елен.
златорун | прид.
Што има златно руно.
златоткан | прид.
Што е ткаен со златни конци, со златна срма. Донесе златоткани и други скапи ткаенини.
златоуст | прид.
Што е слаткоречив, што има прекрасен глас. Тој го бараше златоустиот певец. На збор си златоуст.
златце | ср.
Дем. од злато 2. Обвивка на чоколади или бонбони од станиол во различни бои, злато 5. Додека беше дете, собираше разнобојни златца.
зло | прил.
зло | ср.
Тоа што е лошо, злобно; добро. Тој ти мисли зло. Борба меѓу доброто и злото. Олицетворение на злото.