змеј | м.

Огромно чудовиште од приказните со една или повеќе глави, со крила и опашка, кое најчесто се храни со луѓе; аждер, ала. Секоја година змејот јадел по една убавица од царството. Храбриот јунак го победи троглавиот змеј.

змејко | ср.

Дем. од змеј.

змиест | прид.

Што личи на змија. Змиест пат.

змиешки | прид.

змиин | прид.

Што е од змија, што и припаѓа на змија. Змиин отров. Змиина опашка. Змиин јазик.

змија | ж.

Влечуга без нозе што се движи ползејќи, со лизгаво, долго тело; Serpentes. Отровна змија. Водна змија.

змијар | м.

Тој што фаќа змии.

змијарник | м.

Змиско гнездо, место каде што живеат змии. Да отепаш змија од змијарник било греота.