знаме | ср.
Широко парче платно со определена боја или комбинација на бои и со определен знак (обично прицврстено на стап или на копје) што претставува симбол на држава, народ, организација, спортски клуб и сл. Државно знаме. Партиско знаме. Знаме на Црвениот крст.
знамение | ср.
Предзнак, навестување, најчесто лошо. Се плашеше од уроци и лоши знаменија.
знаменит | прид.
Што е истакнат, многу познат. Знаменит писател. Знаменита личност.
знаменитост | м.
Особеност на тоа што е знаменито.
знаменосен | прид.
Што се однесува на знаменосец. Знаменосен вод.
знаменосец | м.
Тој што го носи знамето во војска, во спортски настани и сл. Знаменосецот гордо чекореше пред војската.
знаменце | ср.
Триаголно знаменце. Сигнално знаменце.
значаен | прид.
Што има големо значење, што е многу важен. Значајни резултати. Значаен потег.
значење | ср.
Особина на зборот и на секој знак да упатува на нешто (на предмет, дејство, поим, однос и сл.) од материјалниот или од духовниот свет. Терминолошко значење. Овој збор има повеќе значења.
значи | несв.
Има некаква смисла, содржина, има значење Што значи овој збор?