базд | м.
Лоша миризба, реа, смрдеа. Се чувствува силен базд.
базди | несв.
Шири непријатна силна миризба, реа. Базди на ракија. Баздело наоколу од мртвиот труп.
баздлив | прид.
Што базди, што е со силна непријатна миризба. Сети еден одвратен, баздлив здив.
баздриѓан | м.
Трговец. Трговијата со текстил била развиена и имало многу баздриѓани.
баздриѓанлак | м.
Трговија. Одбил да биде во баздриѓанлакот.
баздриѓанство | ср.
базен | м.
Област од која истечни води се слеваат во некоја друга истечна вода или во неистечни води; басен. Охридски базен. Дунавски базен.
базер | м.
Вид бел крин, што расте до еден метар, со бели цветови без мирис; Asphodelus albus.
базилика | ж.
Стара христијанска црква, христијански храм со правоаголна форма и со високи столбови.
базира | св. и несв.
Втемели, втемелува, заснове, засновува. Тој ги базира своите кажувања на (врз) неточни, лажни податоци.