баждарен | прид.

Предмет врз којшто е извршено баждарење. Баждарена стока.

баждари | несв.

Проверува точност на мерите што се употребуваат во прометот, проверува исправност на инструментите со кои се мери. Еднаш годишно ги баждариме терезиите (вагите).

баждарина | ж.

Трошарина, такса;

баждарница | ж.

Јавна установа, обично поставена на влезот од градот, каде што на селаните им се наплатувало; трошарина. Пред секој град постоела баждарница.

баз | м.

Парче земја со густа трева ископано од горниот слој на необработувана почва. Откорна еден баз. Копањето на базјето беше тешко.

база | ж.

Основа, темел, подлога.

базалт | м.

Многу тврда вулканска карпа, црна или зелена; добар градежен материјал. Статуи направени од базалт.

базалтов | прид.

Што е направен од базалт. Базалтови плочи.

базар | м.

Покриена ориентална чаршија; пазар.