базичен | прид.
Што се однесува на базата; основен. Базична индустрија. Базични принципи.
базука | ж.
(воен.) Рачен противтенковски фрлач на гранати на ракетен погон.
баир | м.
Рид, брдо. Замина преку баирите. Ќе се качиш по баирот.
Баирики | ср.
Главен град на Кирибати.
бака | ж.
Сад во кој се става крмата за стоката. Бака со крма.
бакал | м.
Трговец на различни ситни производи, обично прехранбена стока. Работеше како бакал. Ја свршија за бакал(ин). Селски бакалин
бакалар | м.
Вид риба од северните мориња. Мириса на сушен бакалар.
бакаллак | м.
Бакалска стока. Почна да му реди разен бакаллак: две оки шеќер, пол ока кафе, сто драм црвен пипер, една вреќа сол, тенекија газија и др.
бакалница | ж.
Продавница со бакалска стока. Селска бакалница. Отвори бакалница.
бакалува | несв.
Врши бакалска работа. Успешно бакалува.