извлечка | св.

Вади од некаде со влечење, носи со тешкотија;

извод | м.

Скратен преглед на содржината на некој текст или поголема целина. Извод од книгата на родените. Изводи од книгата ќе читаат познати актери.

изводени | св.

Направи да биде мокро, со вода, водени. Децата ги изводенија чевлите на чешмата.

изводлив | прид.

Што може да се изведе; 2,_3 Изводлив план.

извоз | м.

Извезување на стока, капитал и сл. во друга држава поради трговија; Извоз на тутун. Производство наменето за извоз.

извозен | прид.

Што се однесува на извоз. Извозен контингент.

извози | св.

Вози до крај, целосно. Ги извозивме децата на малото вовче.

извозник | м.

Правен субјект што се занимава со извезување на стоки во друга земја.

извојува | св.

Постигне нешто со борба. Жената извојува право на глас. Нашиот народ сам ја извојува својата слобода и независност.

извонреден | прид.

Што е по своите позитивни особини одличен. Извонредни резултати. Извонредни способности.