извор | м.
Место од каде што извира вода, нафта и сл. На изворот ручавме и се напивме вода. Изворот на реката се наоѓа горе во планината. Тука има многу извори на минерална вода.
изворен | прид.
Што е оригинален, од самото место, автохтон. Изворен материјал. Изворен фолклор.
изворишен | прид.
Што се однесува на извор. Во изворишниот дел на реката има дабова шума.
извориште | ср.
Место каде што извира вода; извор.
изворник | м.
извор.
изврви | св.
а) Врвејќи помине до последниот. Колоната изврве. б) Врвејќи помине определено растојание или дојде до крај. Ја изврвевме нагорнината без запирање.
извргали (се) | св.
Многу нападно гледа во нешто, во некого. Извргали очи.
изврзе | св.
Врзе сè што треба да се врзе. Ги изврза сите украсни ленти на новогодишната елка.
изврие | св.
Стави да врие колку што е потребно. Ги изври алиштата.
изврне | св.
Врне многу, обилно; Што изврна еден град. Попладнето изврна.