извинение | ср.

Тоа што се наведува како причина за оправдување.

извини | св.

Прости некому, не земе за зло нечија постапка. Другарите ќе ми извинат што задоцнив на средбата.

извира | несв.

Излегува на површината на земјата, за течност, обично вода или воден тек. Под карпата извираше вода. Црни Дрим извира кај манастирот „Свети Наум“.

извиси 2 | св.

(жарг.) Остане без очекуваното, најчесто за средба или добивка. Тој извиси во таа зделка.

извиска | св.

Виска еднаш, силно. Младиот коњ извиска и стреловито јурна по една тесна патека.

извитка | св.

Витка нешто до крај, целосно; сп витка Ги извитка шипките за оградата.

извичник | м.

Интерпункциски знак /!/.

извиши | св.

Израсте во височина; виши Брезите извишија многу брзо.

извлече | св.

а) Со влечење извади, изнесе од некаде. Спасувачите го извлекоа возачот од запалениот автомобил. Војниците го извлекоа чамецот на брегот. Девојката го извлече шамивчето од чантата. б) Влечејќи изнесе на повисоко место, доведе влечејќи оздола нагоре. Убиениот го извлекоа од бездната. Коњот го извлече товарот на височинката.