бакам | м.

Растение со кое се вапсуваат велигденски јајца, варзило; Caesalpinia bahanmensis. Бакам за боење јајца.

бакар | м.

Само еднина. Хемиски елемент, метал со темноцрвена боја; симбол Cu. Мек бакар. Позеленет бакар. Не е од чисто злато, туку од бакар или од тенекија.

бакарен | прид.

Што содржи бакар или што е од бакар. Бакарна руда. Бакарен котел. Бакарна жица. Бакарни садови. Бакарни пари. Бакарни пафти.

бакари | несв.

Почитува, цени некого или нешто. Воопшто не ме бакари. Непара го бакареше ни Велигден, ни Ѓурѓовден.

бакариса | св.

Обложи со бакар. Ги бакариса садовите.

бакарисан | глаг. прид.

Што е обложено со бакар. Бакарисани садови.

бакарлија | прид.

Што има боја на бакар, обично за човек, за неговиот темен тен, за бојата на очите и сл. Бакарлија човек. Очи бакарлии.

бакарник | м.

Котел од бакар. Голем бакарник.

бакарџија | м.

Човек што изработува бакарни садови; казанџија, котлар. Бакарџијата е стар занаетчија.