издавач | м.
Тој што издава печатени дела и други публикации. Здружение на издавачи.
издаваштво | ср.
Издавачка дејност.
издави | св.
Со давење усмрти многу луѓе или животни. Убиецот издавил многу жени во својот стан.
издаде | св.
Даде нешто до крај, целосно, колку што имало за давање; даде Ги издаде сите книги на другарите и другарките.
издаден | прид.
Што е објавен, отпечатен. Сите издадени книги во оваа година ги финансиравме сами.
издајник | м.
Тој што врши предавство;
издајство | ср.
издание | ж.
Печатено дело, текст (книга, списание, весник итн.) во определен тираж како производ на издавачка дејност. Прво издание. Вонредно издание. Јубилејно издание. Библиофилско издание. Книгата е издание на Институтот. Нашите изданија се продаваат во сите книжарници. Во денешното издане на „Нова Македонија“ е објавен конкурсот за вработување.
изданок | м.
Фиданка, млада гранка што расте од пресечено место, или отпосле на коренот или стеблото. Коренови изданоци.
издарува | св.
Дарува сè, до крај колку што имало за дарување; дарува повеќемина, сите.