издателство | ср.

Издавачко претпријатие;

издаток | м.

Давачка, трошок. Месечни издатоци за храна.

издвои | св.

Двои нешто настрана, одделно од другите, од целината; двои, издели 2., одвои. Полицаецот издвои двајца од патниците.

издејствува | св.

Постигне, добие нешто со определено залагање, настојување. Тој издејствува мала пензиичка. Судијата издејствува помилување за обвинетиот.

издекламира | св. и несв.

издели | св.

Подели сè, сето количество, даде секому определен дел. Тој им го издели лепчето на другарите што беа со него.

изделка | св.

Делка до оформување на саканиот предмет со делкање. Ученикот изделка со ножот интересна фигура.

издемне | св.

Дебне, демне некого до неговото фаќање. Го издемнаа крадецот во моментот кога сакал да влезе во куќата.

изденгуби | св.

Помине во денгубење определено време. Изденгуби шетајќи без цел по пазарот.