изживеан | прид.

Што многу поминал во животот (обично негирано). Неизживеан човек.

изживее | св.

Живее, проживее, помине живот, или дел од него. Го изживеавме својот век сè со труд, со мака.

изживува се | несв.

Надминува некои недоживеани нешта преку неповолни/непријатни активности над некого. Тој се изживуваше над своите слуги терајќи ги да прават невозможни работи. Тие се изживуваа на сметка на келнерката и ја навредуваа. Насилниците се изживувале над селаните.

изжнее | св.

Жнее целосно, заврши со жнеење; ожнее. Денес ја изжнавме големата нива.

изжние | св.

Заврши жниење.

изжули | св.

Силна шлаканица го изжули образот.

иззаборави | св.

Заборави повеќе работи, заборави сè.

иззабради | св.

Забради многу, премногу. Таа го иззабради детето и го пушти на улица.

иззавитка | св.

Завитка добро, без можност да се одвие, завитка целосно, завитка сè со ред. Ги иззавитка кристалните чаши и ги нареди во кутијата. Ги иззавитка подароците и ги нареди под елката. Ги иззавитка децата добро, да не настинат.

иззаврзе | св.

Заврзе сè, до крај, без остаток. Ги иззаврзаа доматите на колци уште изутрина.