изеде | св.

Со јадење потроши до крај, целосно; јаде. Сите тројца изедоа по една риба. Мачката ги изеде јајцата од седелото. Лисицата им ги изела кокошките.

изедина | ж.

Прва четвртина од месечината. На црното небо немаше веќе месечина туку изедина од месечина.

изедначен | прид.

Што е ист со нешто друго, со некој друг. Изедначени плати. Жените одеа со изедначени чекори.

изедначи | св.

Постави повеќе работи, луѓе во ист ред на вредности, направи да биде еднакво тоа што било нееднакво. Тој ги изедначи примањата на работниците од иста смена. Домашната екипа изедначи пред крајот на првото полувреме.

изедник | м.

Тој што многу јаде, ненаситен, лаком.

изеслив | прид.

Што сака и може многу да јаде; ненаситен.

изжала | св.

Многу жали за починат. Ги изжалаа паднатите борци.

изжедни | св.

Стане многу жеден. Изжедневме жниејќи по жешкото сонце.

изжени | св.

Ги ожени сите што биле за женење. Изжени, измажи сега може да биде мирен.