иззагине | св.
Изгине многумина, сите. Ќе иззагинеме сите на оваа чистина.
иззагради | св.
Загради сè, до крај, целосно. Иззагради како да ќе го грабне некој.
иззакачи | св.
Закачи сè, со ред. Ги иззакачија сите лампиони на елката.
иззаклучи | св.
Заклучи сè, со ред. Ги иззаклучи сите врати пред да оди на работа.
иззакопа | св.
Закопа сè, до последно. Ја иззакопаа сета покуќнина што можеше да се закопа пред да заминат од дома.
иззакрпи | св.
Закрпи сè, до крај. Иззакрпи сè што беше скинато.
иззалепи | св.
Залепи сè, залепи цела површина. Ги иззалепи сите сликички во албумот.
иззамрзне | св.
Замрзне сè, многу, во голем број.
иззапали | св.
Запали сè, запали многу работи. Војниците ги иззапалија сите куќи во селото.
иззатвори | св.
Затвори сè, со ред, затвори многумина, сите до еден. Ги иззатворија сите слаткарници во градот.