иззатне | св.

Затне сè, со ред. Ги иззатна со крпи сите дупки на колибата да не дува северот.

изземе | св.

Исклучи нешто од некое множество, од нешто. Оваа точка да се изземе од дневниот ред.

иззоба | св.

Со зобање изеде до крај, целосно. Го иззоба грозјето.

изѕвони | св.

Заврши со ѕвонење. Саатот изѕвони ама тој не се разбуди.

изѕемнат | прид.

Што изѕемнал, што измрзнал многу. Изѕемнати раце. Изѕмнати борци.

изѕемне | св.

Многу измрзне, премрзне целосно зафатен од студ. Децата изѕемнаа враќајќи се од училиште.

изѕида | св.

Со ѕидање подигне градежен објект, целосно, до крај; изгради. Мајсторите на плацот изѕидаа куќа на два ката.

изѕира се | несв.

Се проѕира, пропушта светлина. Водата се изѕира. Коските му се изѕираа.

изигнатина | ж.

Возвишение, издигнато место повисоко од околината.