измолкне | св.

Извади, извлече нешто од негде. Момчето го измолкна мечот од пазувите и го фрли пред противникот. Со два прста го измолкна пликот од џебот.

изморен | прид.

Што многу се изморил. Изморен човек. Изморени работници.

измори | св.

Направи некој да стане, да биде премален, умори; исцрпи нечија сила до состојба на замор. Стопанот ги измори аргатите со прекумерните барања. Господарот го измори коњот. Долгите дискусии ги изморија присутните.

измота | св.

Мота, намота сè до крај, целосно; мота, намота. Ткајачката го измота сето предено.

измоча | св.

Изврши мочање врз/на нешто. Тој го измоча крвавиот прст, да не загнои.

измрда | св.

Мрдне, помести од своето вообичаено место. Малку ја измрда масата накај прозорецот.

измрзнат | прид.

Што измрзнал, резултат од подолга изложеност на студ и мраз. Измрзнати нозе. Измрзнати овошни дрвја Измрзнати цвеќиња.

измрзне | св.

Изѕемне, премрзне. Жените измрзнаа на студот чекајќи за леб.

измрзнувачка | ж.

Измрзнување, многу студено време. Надвор е измрзнувачка.