изнабележи | св.
Набележи многу нешта, сè со ред. Ги изнабележи сите работи што требаше да се купат.
изнабели се | св.
Се набели во голема мера, многу. Се изнабели, се изнацрви и задоволно се погледа во огледалото.
изнабере | св.
Набере во доволна количина (овошје, цвеќе и сл.) Изнабравме круши еден куп.
изнабоде | св.
Набоде повеќепати, на повеќе места. Изнабоде неколку мевца на виљушката и му ја подаде на детето.
изнаболедува се | св.
Се наболедува многу.
изнабоцка се | св.
Набоцка повеќепати, на повеќе места. Се изнабоцка берејќи капини.
изнабрка | св.
Избрка, набрка сите до еден. Ги изнабрка сите деца од дворот.
изнаброи се | св.
Изброи многу, во голем број.
изнабута | св.
Напика, набута во нешто. Ги изнабута книгите во ранецот. Затворениците ги изнабутаа во сточни вагони.
изнавади 1 | св.
Извади многу, во голема количина. Изнавадивме моркови за цела недела.