изнамачка | св.
Намачка многу, во голема количина. Изнамачка путер на сите лепчиња.
изнамести | св.
Намести сè што било за местење. Изнаместија по масите секакви јадења. Конечно изнаместивме дома, завршивме со варосувањето.
изнаниже | св.
Наниже многу, наниже сè што било за нижење. Го изнанижаа тутунот до пладне.
изнаноси | св.
Надонесе нешто во големо количество. Изнаноси суви гранки од планината.
изнаоблече | св.
Наоблече многу облека. Изнаоблече едни дебели џемпери.
изнаоѓа | несв.
изнаоди се | св.
Изоди многу, се наоди. Се изнаоди по патиштата разнесувајќи пошта.
изнапаѓа | св.
Падне, нападне многу, во голема количина. Во текот на ноќта изнапаѓа снег до колена.
изнапари се | св.
Се напари, настарада многу. Се изнапари од тој човек.
изнапасе | св.
Напасе многу, во доволна мера. Ги изнапасов козите во најубавата ливада.