изнапати се | св.
Се напати многу. Се изнапати по патиштата.
изнапее се | св.
Се напее многу, до задоволување. На славата се изнапеавме.
изнапие | св.
Напие многу, сите со ред. Ги изнапи гостите вино и ракија.
изнапика | св.
Напика нешто на некое место. Во торбата изнапика книги, алишта и малку храна.
изнапише | св.
Напише многу. На писмената работа изнапишав дури три страни.
изнаплаче се | св.
Се исплаче многу. Таа се изнаплака кога разбра дека татко ѝ починал. Девојчето се изнаплака поради скршената кукла.
изнапокрие | св.
Покрие, напокрие многу. Бабата ги изнапокри децата со волнени покривачи и јамболлии.
изнаполни | св.
Наполни многу, наполни сè што било за полнење. Момите изнаполнија вода во стомните и тргнаа за дома. Ги изнаполнија амбарите со жито.
изнаправи | св.
Направи многу нешта, многу работи. Во куќата тој изнаправи сè сам, без никој да му помогне. Птиците ги изнаправија седалата. Тој изнаправи многу лоши работи.
изнапраша се | св.
Праша за многу работи, постави многу прашања. Не можеше да се изнапраша за роднините во татковината.