изнафрли се | св.
Се нафрли, се исипе по снагата. Детето се изнафрли некакви мозолчиња по снагата.
изнацеди | св.
Исцеди, нацеди во голема количина. Изнацеди лимон во чајот.
изнацепи | св.
Исцепи, нацепи во голема количина. Изнацепи дрва за една недела.
изнацица се | св.
Се нацица во доволна мера. Бебето се изнацица и си заспа како јагне.
изнацрви се | св.
Се нацрви добро, доволно, колку што е потребно. Се изнацрви, се дотера и излезе на корзо со другарките.
изнацрпи | св.
Исцрпи, нацрпи во големо количество. Изнацрпи вода од бунарот.
изнацрта | св.
Нацрта нешто во голема количина. Некој првобитен човек изнацртал по пештерата разни животни.
изначека | св.
Чека многу, долго време. Се изначекавме на станица.
изначита се | св.
Се начита многу, исчита многу. Се изначита секакви книги тоа лето.
изначуди се | св.
Се начуди многу, во голема мера. Се изначуди на тоа што го виде. Сиот народ што беше на сретсело се изначуди на неговите трикови.