банализира | св. и несв.

Направи, прави нешто да биде банално. Не дозволувам да се банализира тоа што било.

банана | ж.

Тропско дрво со големи лисје и со жолтеникави долгнавести плодови што се јадат; Musa paradisiaca. Бананата му се истопи в уста.

Банат | м.

Регион во Војводина.

Бангкок | м.

Главен град на Тајланд.

Бангладеш | м.

Држава во Азија.

Бангуи | м.

Главен град на Централноафриканска Република.

банда | ж.

Толпа, група, дружина што врши злосторства. Арамиско-качачките банди го пљачкосувале селото и вршеле терор на неговото население.

бандаж | м.

Преврска на голема рана, на скршеница и сл. Нејзе ѝ ги одврзаа бандажите од нозете.

бандажира | св. и несв.

Преврзе, преврзува рана, скршеница да не биде подвижно; става бандаж.