бапка | несв.

Удира некого со нешто. Го бапка затвореникот со тупаници. Го бапка во грбот.

бапка | ж.

Гуша. Пчелата има и една мала бапка, ќесе за собирање на нектарот. Мравите матицата ја хранат од содржината на бапката.

бапне | св.

Падне со тресок, тресне; грубо удри со тресок. Бапна наземи шишенцето. Главечки бапна од колата.

бапски | прид.

Што припаѓа, што се однесува на баба. Не плаши се од бапски јуриш нити од старска клетва. Тоа се бапски приказни.

баптиса | св.

Се умори, премали, се истошти. На коленици баптисала.

баптист | м.

Припадник на Сојузот на баптистите, кој проповеда доброволно крштавање само на возрасни луѓе. Приврзаник на баптизмот.

бар | чест.

бар | м.

Ноќен локал со музика и забавна програма. Имаше голем бар, елегантно украсен со слики во масло, а црнечки оркестар свиреше секоја ноќ.

бара | ж.

Застојана вода во подлабоко место на површината на земјата. Жабите крекале во барите околу селото. Стапнал во некоја кална, смрдлива бара.