бара | несв.
Сака, посакува нешто од некого; му сака нешто на некого. Гостите бараа вечера од домаќинот. Тој му бараше само еден сок, ништо друго.
бараба | м.
Разбојник, арамија, никаквец, пропаднат човек. Еден бараба ми ја украде чантата. Ноќе по улиците шетаат пијани бараби.
барабан | м.
Ударен музички инструмент со цилиндрична форма, обложен од двете страни со кожа. Барабаните бијат зачестено. Се слушаа глуви удари на барабан.
барабанар | м.
барабани | несв.
Удира на барабан. Почна да барабани. Барабанеше со прстите.
барабанџија | м.
Тој што удира на барабан во оркестар, музичар што исполнува партии за барабан. Тој бил царски барабанџија. Седумте барабанџии ги удрија барабаните.
барабар | прил.
Заедно. Тој сака барабар со нас да биде. Дигав вреќи барабар со амалите.
бараж | м.
Брана, пречка, преграда.
баражен | прид.
Топовска стрелба што го спречува приближувањето на непријателот. Се враќаат назад низ баражен оган од двете страни на фронтот.
барака | ж.
Ниска зграда од штици што служи за живеење или привремено сместување. Луѓето живеле во оставените бараки. Работниците се сместени во една барака.