баритон | м.

Машки глас меѓу бас и тенор, длабок тенор или висок бас. Го чув пробивниот баритон на отецот. Зборуваше со длабок баритон.

барка | несв.

Бара по малку, внимателно, со напипување. Туѓите луѓе со чудни инструменти баркаа по дното на езерото.

бармен | м.

Сопственик или раководител на бар. Барменот располагаше со два бара.

барок | м.

Стил во европската уметност (архитектурата, вајарството, сликарството, декоративната уметност, литературата) од крајот на XVI до средината на XVIII век, чии главни карактеристики се претеран декоративен раскош и патетичност (во пишувањето).

барокен | прид.

Што е во стилот на барокот: претрупан со украси, китнест, раскошен; патетичен.

барометар | м.

Направа за мерење на воздушниот притисок; со извесно приспособување може да ја мери и надморската височина.

барон | м.

Благородничка титула пониска по ранг од грофовската. Им се додворуваа на своите барони, новите господари.

бароница | ж.

Жена или ќерка на барон. Тој е љубовник на бароницата.