баронство | ср.

Феудален посед на барон. Тој доби баронство во оваа област.

барочен | прид.

Барселона | ж.

Град во областа Каталонија, Шпанија.

барут | м.

Експлозивна материја за полнење муниција за огнено оружје. Беа тоа едни фишеци, полни со црн барут. Загинаа без зрно барут.

барутана | ж.

Зграда во која се чува барут и друг експлозивен материјал. Ја отворија барутаната.

барутен | прид.

Што се однесува на барут, што е од барут. Барутен чад. Експлодирал барутниот магацин.

барутница | ж.

Работилница за правење барут. Во неговата барутница се правеше барутот и секоја година по неколку товари се носеа во тврдината.

барутчија | м.

Тој што прави или што продава барут.

бархет | м.

Вид памучна ткаенина со ленена основа; Порхет. Пижамата е од бархет.