барелјеф | м.
Вајарско дело на камена, на метална или на дрвена подлога, каде што фигурите се со блага издаденост над рамната површина. Барелјефот на Антонијан е изработен на италијански мермер.
барем | чест.
Изразува извесно ограничување. Сакам барем уште еднаш да те видам. Се обиде да присобере барем трошка сила.
Баренцово Море | ср.
Море во Северниот Леден Океан.
баретка | ж.
Тркалезна или аглеста капа без штит. Дојде млада жена со баретка на главата. Луѓето беа со накривени баретки.
барз | прид.
Назив за коза или за овца со бели пруги по главата или по телото.
бари | несв.
Вари малку, до извесен степен. Баба ми бари пиперки секоја година.
бариера | ж.
Брана, пречка, преграда. Двете пречки, ровот и бариерата, беа поминати лесно. Освојувачите на Австралија не наидоа на никакви бариери.
барикада | ж.
Преграда направена од разни предмети како засолниште при улични борби. Тој со другарите ќе прави барикади, ќе ги одбиваат јуришите на напаѓачите.
барикаден | прид.
Што се однесува на барикада.
барикадира | св. и несв.
Направи, прави барикада. Полицијата ја барикадира главната улица. Го барикадираа влезот на зградата.