батак 1 | м.
Блато, мочуриште, кално место. Водата од изворот над текот на реката правеше голем батак околу куќичето. Зацапа во батакот, започнаа да му пропаѓаат нозете.
батак 2 | м.
батаклив | прид.
Блатен, блатски, каллив, каловит. Ме доведоа во батакливо место.
батакчија | м.
Нечесен, расипан човек. Не гледаш ли дека и тој тргнал со батакчиите.
батакчилак | м.
Измама, нечесно работење.
батал | прид.
Запуштен, неприбран, неуреден, запоставен. Батал човек. Батал работа.
батали | св.
Остави, напушти. Штотуку се чу дека војната завршила, баталив и жена и деца, тргнав. Му било советувано да ги батали песните.
баталјон | м.
Воена единица составена од две до четири чети. Вториот баталјон изврши јуриш.
бате | ср.
Батета многу да ми го поздравиш. Што ќе речат батевци ако нè видат.
батев | прид.
Што му припаѓа на бате. Ќе го чувам батевиот дар.