катинар | м.

Вратата беше заклучена со голем катинар.

катихет | м.

Учител по катихизис, вероучител.

катихизис | м.

Учење за христијанската вера, веронаука; основите на тоа учење претставени во вид на прашања и одговори.

Катманду | м.

Главен град на Непал.

катмер | м.

Слој. Го нема ѓомлезецот твој – катмер од катмер да се изделува.

катмерен | прид.

катмерлија | прид.

Што е во слоеви, слоевит.

катник | м.

Заб во задниот дел од вилиците што служи за џвакање; катен заб. Катниците се поголеми, пошироки и служат за дробење, мелење на храната.

катода | ж.

Електрода сврзана со негативен пол на извор на елекрична струја;

катоден | прид.

Што се однесува на катода, што потекнува од катода.