католизација | ж.

Преминување во римокатоличка вера; покатоличување.

католизира | св. и несв.

Премине, преминува во римокатоличка вера; покатоличи, покатоличува.

католик | м.

Припадник на западната, римска христијанска вероисповед и заедница.

католицизам | м.

Едно од учењата на христијанската вероисповед на чело со римскиот папа; католичка вероисповед.

католички | прид.

Што се однесува на католик и на католицизам, што припаѓа, што е својствен за католик. Католичка црква. Католичка вера.

катран | м.

Густа и леплива црна течност што се добива при сува дестилација на органски материјали, особено на дрво и јаглен. Беше принуден да прави катран од големите борови во блиската шума.

катраник | м.

Сад во кој се чува катран.

катранов | прид.

Што припаѓа на катран, што содржи катран. Катранов сапун.

катраноса | св.

Премачка, обложи, залие со катран. Старчето беше во својата куса сакма и со катраносани чизми.