категоричен | прид.

Што е точно определен, решителен. Категорично тврдење. Категоричен одговор. Категорички императив

катедра | ж.

Маса за предавач, наставник во училница, сала за предавања, обично поставена на повисоко место. Класниот старешина се упати кон катедрата, го одложи дневникот и седна.

катедрала | ж.

Главна црква, седиште на бискуп. Патот минуваше крај катедралата.

катедрален | прид.

Што се однесува на катедрала, што припаѓа на катедрала. Катедрална црква.

катен | прид.

Што има повеќе катови, што е на кат; кат2 Катна гаража.

катета | ж.

Во геометрија – кај правоаголен триаголник, една од двете страни што образуваат прав агол. Хипотенузата е подолга од катетата.

катетер | м.

Инструмент во вид на цевка што се поставува во телесни шуплини и органи, за внесување на лекарство или за отстранување на некаква течност.

кати | несв.

Одделува, рони зрна од пченка. Го туркаат од седенките кога со песни и закачки катат пченка.

катиљ | м.

Престапник, злосторник, убиец. Ќе му го донесам јас умот на тој катиљ.