кинис | м.

Тргнување, поаѓање.

киниса | св.

Почне да оди, да се движи, тргне. Брзо киниса кон својата одаја.

кино | ср.

Место, сала каде што се прикажуваат филмови. Секоја сабота одевме в кино.

кино- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење што се однесува на кино: кинооператор, кинопретстава, кинопроектор, киносала.

кинологија | ж.

Дел од зоологијата што ги проучува кучињата и нивните расни карактеристики.

кинооператор | м.

Тој што прожектира филмови.

кинопроектор | м.

Апарат за прожектирање на филмови.

кинотека | ж.

Установа што се занимава со собирање и чување на филмска документација и со прикажување на постари филмови; филмски архив, зграда во која се чува таква документација и во која се прикажуваат такви филмови.

Киншаса | ж.

Главен град на ДР Конго.

киоск | м.

Мала продавница во која се продаваат весници, цигари и друга ситна трговска стока; бутка, трафика. Отидов до првиот киоск и купив весници.