Кипар | м.

Островска држава во Европа.

кипарис | м.

Зимзелено дрво, што расте во јужните, топли краишта, чемпрес; Cupressus sempervirens.

кипер | м.

Товарно возило (камион, вагон) со подвижна каросерија за истовар на стока. На местото имаше десетина кипери и неколку булдожери.

кипи | несв.

кипра | прид.

За мома, невеста – убава, стројна, бујна. Убава девојка, кипра.

кипри се | несв.

Се дотерува, се гизди. Цел ден се кипри пред огледалото.

кир 1 | ж.

Напластена нечистотија по кожата на телото или на облеката. Во скутот држеше стара, измастена и поцрнета од кир капа. Ја симна кирта од нозете.

кир 2 | м.

Најчесто како составен дел на лично име со значење – господин, господар. Кир Димо.

кираца | ж.

Господарка.