кираџија | м.

(арх.) Тој што врши превоз на стока и луѓе со кола, коњ и сл. Ги немаше старите кираџии што донесуваа малечки порачки од градот.

кираџиски | прид.

Што се однесува на кираџија Кираџиски коли. Кираџиски коњи.

кираџиство | ср.

Дејност на кираџија.

Киргистан | м.

Држава во Средна Азија.

киретажа | м.

Чистење на внатрешноста на матката.

Кирибати | ср.

Островска држава во Тихиот Океан.

кирија | ж.

Плата, награда што се дава на кираџија 1; возарина.

кирилица | ж.

Една од двете старословенски азбуки создадена од Кирил Филозоф.