кирка | ж.

Казма.

кирлив | прид.

Што е нечист, валкан. Кирлива чалма.

кирлиса | св.

Извалка, измачка.

кисел | прид.

а) Што има вкус на лимон, оцет и сл. Кисело овошје. Кисели сливи. б) Што по вештачки пат (ферментација, конзервирање, киселење) добил таков вкус. Кисела зелка. Кисело вино. Кисели краставици. Кисело млеко. в) Што има остар, непријатен мирис. Киселата миризба од комињето се чувствува на улицата. Ме заплиснуваше кисел здив од вино.

киселачка | ж.

Вид диво, кисело јаболко.

киселец | м.

Леб приготвен со квасец, леб од киснато тесто.

кисели | несв.

Прави нешто да добие кисел вкус (со додавање на киселина, конзервирање и сл.). Секоја година киселиме зелка. Вечер ќе киселам млеко.

киселина | ж.

Хемиско соединение на водород што при заемно дејство со основи, бази образува соли. Азотна киселина. Борна киселина. Винска киселина. Солна киселина.

киселица | ж.

киселачка.