кислоса | св.

Добие кисел вкус (со додавање на киселина, конзервирање и сл.).

кисне 1 | несв.

Станува кисел; преврива, ферментира. Млекото кисне на топло.

кисне 2 | несв.

Натопува нешто во течност подолго време. Ги киснеше крпите во водата и му ги ставаше на челото. Алиштата киснеа во млака вода.

кит 1 | м.

Општ назив за најголемите морски цицачи, со мазна кожа и тело на риба; назив за одделни (обично најголеми) видови од тој род.

кит 2 | м.

Мека, леплива смеса што брзо се стврднува и служи за исполнување на нерамнини и пукнатини на површината пред нејзино бојадисување.

кит | изв.

За одбивање, одвојување на јагнињата од овците.

китаб | м.

Книга што содржи верски учења и прописи кај муслиманите.

китара | ж.

Вид жичен музички инструмент.

китатов | прид.

За дрва – што има густи гранки и многу лисја, разгрането дрво. Китатово дрво.