китен | прид.
(нар. поез.) Накитен со китки цвеќе, со накит. Китени сватови. Носеше китна руба.
китенка | ж.
Украс најчесто во форма на импровизиран цвет што го добиваат сватовите од машка страна кога одат по невеста.
китест | прид.
кити | несв.
Украсува, дотерува некого или нешто. Друшките ја китеа невестата со алтани. Секоја година децата ја китеа новогодишната елка.
китило | ср.
Тоа што служи за китење; накит.
китица | ж.
Кај коњите – перче долги влакна, над копитото на задниот дел од ногата.
китка | ж.
Неколку стракови цвеќе заедно; букет. Секој ден се враќаше од полето со китки мирисни синолички.
Китка | ж.
Планина во Македонија.
китки | и.
киткиритка | ж.