клапнат | прид.
Што е изнемоштен, изморен. Клапнат старец.
клапне | св.
Почувствува замор, опадне, премали, ослабне. Нозете му виснаа изнемоштено, главата клапна. Неговите клепки сосема клапнаа. Старецот клапна во фотелјата.
клапушест | прид.
За уши – што се свиткани надолу. Клапушести уши.
клапушко | м.
клапчо | м.
Прост, глупав, недоделкан човек.
кларинет | м.
Дрвен, дувачки музички инстримент во форма на труба, со писка.
кларинетист | м.
Музичар што свири на кларинет.
клас 1 | м.
Најгорниот дел од житни растенија каде што се образува семето; целиот страк заедно со тој дел. Житен клас. Ветерот поддувнуваше, класјето се нишаа и се брануваа како морски бранови. Жени и старци ги собираа класјето.
клас 2 | м.
Степен на школување во средно училиште во траење од една година; едногодишна наставна програма. Тој тргна во први клас гимназија. Тој го повторуваше класот.
класа | ж.
Слој луѓе што имаат иста положба во системот на општественото производство и исти економски интереси. Општествена класа. Работничка класа. Феудална класа. Граѓанска класа. Владејачка класа. Градот е убав за богатите, а прифатлив за средната класа.