климакс | м.
(поет.) Поетска фигура со која мислите и чувствата се изразуваат со низа од сè посилни изрази.
климактериум | м.
Период на физиолошки промени кај жената во кој постепено ослабува функцијата на половите жлезди.
климактеричен | прид.
Што се однесува на климактериум; што се однесува како да е во климактериум. Климактерични појави.
климат | м.
климатизација | ж.
Одржување на соодветна температура и влажност на воздухот во затворени простории со помош на климатизер.
климатизер | м.
Апарат со кој се регулира и се одржува соодветна температура и влажност на воздухот во затворена просторија; клима уред, еркондишн.
климатизира | св. и несв.
Спроведе, спроведува климатизација.
климне | св.
клин | м.
Зашилено и плоснато парче дрво или метал што се користи за цепење дрва или се поставува за подигање товар; такво парче дрво што се поставува во некаков отвор, процеп. Со сета претпазливост ја затвори вратата, ја кладе жапката и еден клин на неа.
клинест | прид.
Што е има форма на клин 1, што личи на клин